скицира (св. и несв.)
Според оваа концепција, подготовката го покрива времето во кое проблемот се скицира и времето во кое се вложуваат индивидуални напори да се откријат и одберат најразвиените вештини и знаења, неопходни за негово решавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
7) на две страни(или повеќе) скицирајте некој лик, служејќи се со предмети, предели, временски состојби итн., со што би му помогнале на читателот да го согледа тој лик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Додека авторот вака со умисла го скицираше неговиот надворешен изглед, во еден момент, изненадено, имаше чувство како многу делумно па сепак делумно да се опишува самиот себеси.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)